Logo Cover

За изданието


Прирачникот за верификација во истражувачкото новинарство е придружен текст кон изворниот Прирачник за верификација (Verification Handbook). Додека изворниот Прирачник беше фокусиран на верификацијата за покривање на ударни вести, овоја Прирачник ги нуди основите на пребарувањето на интернет и техниките на истражување што се користат во истрагите. Тој нуди повеќе детали за техниките на истражување помогнато со кориснички содржини; нуди преглед на добри практики за процена и верификација на отворените податоци, корисни совети за истражувачки проекти засновани на проверка на фактите и етички пристап кон корисничките содржини во истражувањата.

Во десет поглавја и три студии на случаи, Прирачникот ги собира на едно место знаењето и стручноста на некои од водечките медиуми, истражувачки и граѓански организации во светот, вклучувајќи ги БиБиСи, „Белингкет“, „Шпигел“, „Тоу“ центарот за дигитално новинарство при Универзитетот Колумбија, Африканската мрежа на центри за истражувачко новинарство, „Арапските новинари за истражувачко новинарство“, „Амнести интернешнел“, „Витнес“ (WITNESS) и Фондацијата „СекДев“ (SecDev).

Иако првенствено е наменет за новинарите, Прирачникот покрива еден поширок спектар на теми што се релевантни за истражувачите на полето на човековите права, адвокатите и истражувачите на хуманитарните организации. Советите и упатствата што ги нуди се значајни, без оглед дали читателот е новинар известувач, граѓански новинар, лице што работи на обезбедување хуманитарна помош, волонтер, студент по новинарство, комуникациски експерт или се работи за претежно академски интерес.

Овој прирачник е развиен и воден од Европскиот центар за новинарство, со седиште во Холандија, во склоп на неговата Иницијатива за новинарство во кризни ситуации.

Уредници на прирачникот

Уредник: Крег Силверман (Craig Silverman) од Институтот „Поинтер“
Технички уредник: Мерил Перлман (Merrill Perlman), Американско здружение на технички уредници (American Copy Editors Society (ACES))

Превод на македонски јазик: Дејан Георгиевски, Центар за развој на медиуми, Скопје.

Продукција

EJC logo

Европскиот центар за новинарство е независна, меѓународна, непрофитна фондација посветена на највисоките стандарди на новинарството, меѓу другото, и преку постојана обука на новинарите и медиумските професионалци. На основа на својата широка меѓународна мрежа, Центарот работи како фасилитатор и партнер во еден широк спектар на проекти поврзани со новинарството.

EMJO logo


Новинарство во кризни ситуации е иницијатива на Европскиот центар за новинарство што на едно место собира релевантни вести и ресурси за медиумските професионалци

EMJO logo


Спонзори

Dutch Ministry of Education logo


Published on: 1 September 2016
Creative Commons License
This work is licensed under a Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0 International License.