Глава 2: Користење на методите на пребарување на интернет за да се одговори на прашањата кој, каде и кога за некое лице
Пребарувањето на интернет често претставува предизвик за традиционалните истражувачки репортери, професори и студенти по новинарство. Информациите на интернет можат да бидат лажни, пристрасни, некомплетни, или сè од наведеното.
И офлајн, исто така, „ловиштата“ не се секогаш најдобри и не наидуваме само на непристрасни луѓе и целосно чесни влади. На крај, сè се сведува на поставувањето на вистинските прашања, без оглед на тоа дали се или не се во дигитална форма. Ова поглавје ви нуди некои стратегиски совети и алатки за дигитализирање три од најзначајните прашања во новинарството: Кој, каде и кога?
1. Кој?
Да се обидеме да направиме длабински профил на Бен ван Бурден (Ben van Beurden), извршен директор на „Шел Оил“ (Shell Oil Co.), со користење „Гугл“.
a. Пронајдете ги фактите и мислењата
Едноставниот збор од една буква „е“ ги открива мислењата и фактите за субјектот за кого се интересирате. За да избегнете купишта резултати, вклучете го името на компанијата на лицето или други детали што можеби ги знаете за него и упатете го „Гугл“ дека двата збора не треба да бидат премногу оддалечени еден од друг во резултатите.
Операторот AROUND() (околу) МОРА ДА БИДЕ НАПИШАН СО ГОЛЕМИ БУКВИ. Тој оператор ја поставува максималната оддалеченост меѓу бараните термини, изразена во зборови.
б. Што велат другите?
Овој вид пребарување на „Гугл“ му го поставува барањето „Прикажи ги ПДФ документите во кои се наоѓа името на извршниот директор на ’Шел‘, но исклучи ги документите чиј извор е ’Шел‘“. Така ќе ги пронајдете документите за вашиот субјект, но без документите на неговата компанија. Toa ќе ви помогне да видите што противниците, конкурентите и луѓето што имаат свое мислење за сè велат за субјектот за кој се интересирате. Ако сте перфекционист, тогаш обидете се со пребарувањето
inurl:pdf “ben van beurden” –site:shell.*
затоа што тоа ќе ви помогне да ги пронајдете и ПДФ документите што не се идентификувани и со видот на документ.
в. Официјални бази на податоци
Направете глобално пребарување за официјални документи што се однесуваат на бараното лице. Тоа ги пребарува адресите со .gov.uk (Велика Британија), но исто така и .gov.au (Австралија), .gov.cn (Кина), .gov (САД) и други владини интернет-страници во светот. Ако во вашата земја не постојат .gov интернет-страници, обидете се со користење на локалниот збор за влада со операторот: „site:“. operator. На пример: site:bund.de (Германија), или site:overheid.nl (Холандија).
Преку такво пребарување, ја пронајдовме урбанистичката дозвола за куќата на Ван Беурден во Лондон, што ни помогна да ги откриеме неговата домашна адреса и другите податоци.
г. Обединети нации
Сега пребарувате во која било од организациите поврзани со Обединетите нации. Во примерот што го разгледуваме, гледаме дека името на извршниот директор на „Шел“ се појавува во документ за „Стратегискиот приод кон меѓународното управување со хемикалии“. Го пронајдовме и неговото целосно име, името на неговата сопруга и бројот на неговиот важечки пасош во времето на спроведувањето на пребарувањето. Извонредно.
д. Пронајдете ги варијациите
Со користење на оваа формула можете да ги пронајдете резултатите што користат различно пишување на неговото име. Ќе ги добиете документите што го содржат зборот „Shell“, но не и оние што го содржат зборот „Ben“ како лично име. Така ќе откриете дека тој се спомнува и како Бернардус ван Беурден. (Нема потреба да внесувате точка [.] во пребарувањето, затоа што „Гугл“ ќе ги игнорира точките.) Сега повторете ги чекорите a, б, б и г со новото име.
2. Каде
a. Користете пребарување фотографии во „Топси“ (Topsy)
Можете да ја искористите страницата www.topsy.com за да откриете каде бил субјектот на вашиот интерес, преку анализа на спомнувањата на неговото име (1) со текот на времето (2) и со прегледување на фотографиите (3) што други лица ги поставиле на „Твитер“. Ако претпочитате да пребарувате во специфичен временски период, изберете ја опцијата „Специфичен опсег“ во менито за временски период.
б. Користете го „Ехосек“ (Echosec)
„Ехосек“ ви овозможува бесплатно пребарување на социјалните медиуми. Во овој пример, ја внесов адресата на централата на „Шел“ (1) со надеж дека ќе ги пронајдам најскорите (2) постови од луѓето што работат таму (3).
в. Користење на пребарувањето фотографии во „Гугл Имиџис“ (Google Images)
Комбинирајте сè што знаете за субјектот за кој се интересирате во една моќна фраза. Во примерот прикажан подолу, го пребарувам џихадистот наречен @MuhajiriShaam (1), но не и налогот @MuhajiriShaam01 на „Твитер“ (3). Само сакам да ги разгледам фотографиите што ги поставил на „Твитер“ помеѓу 25 и 29 септември 2014 година (4).
3. Кога
a. Пребарување по датуми
Најголемиот дел од пребарувањата што ги правите не се однесуваат на денешниот ден, туку на поранешен период. Секогаш кажете ѝ го тоа на вашата пребарувачка машина. Вратете се низ времето.
Да го истражиме пожарот во холандската хемиска фабрика „Chemie-Pack“. Пожарот се случи на 5 јануари 2011 година. Можеби сакате да истражите дали во фабриката се чувале опасни хемикалии. Појдете на страницата images.google.com, впишете Chemie-Pack (1) и пребарајте ја архивата пред јануари 2011 година (2). Резултатите содржат стотици фотографии снимени од младинската противпожарна единица што ја посетила компанијата неколку дена пред пожарот. На некои од фотографиите се гледаат буриња со имињата на хемикалиите во нив. Го искористивме тоа за да утврдиме кои хемикалии се чувале во фабриката во деновите пред пожарот.
б. Пронајдете стари податоци со користење на archive.org
Интернет-страниците често се гаснат и престануваат да постојат. Постои можност сепак да ги прегледувате со користење на archive.org. Таа алатка функционира само ако ја знаете URL-адресата на интернет-страницата што сакате да ја прегледате. Проблемот е во тоа што често линкот веќе не постои, и поради тоа не го знаете. Значи, како да пронајдете навидум исчезнат URL?
Да претпоставиме дека сакаме да ја пронајдеме интернет-страницата на починатата актерка Лана Кларксон (Lana Clarkson).
Прв чекор: Пронајдете индекс
Пронајдете некаков извор што ја спомнува исчезнатата страница. Во нашиот случај, можеме да ја искористиме нејзината страница на Wikipedia.
Втор чекор: Внесете го индексот во временската машина
Појдете на archive.org и внесете ја URL-адресата на нејзината страница на Wikipedia http://en.wikipedia.org/wiki/Lana_Clarkson. Изберете ја најстарата достапна верзија од 10 март 2004 година. Таму покажува дека интернет-страницата е http://www.lanaclarkson.com.
Трет чекор: Пронајдете ја оригиналната интернет-страница
Сега внесете го линкот во archive.org, но на URL-адресата додајте ѝ „backslash“ и астериск: https://web.archive.org/web/*/http://www.lanaclarkson.com/*
Сите внесени линкови стануваат видливи. За жал, во овој случај, нема да пронајдете премногу информации. Кларксон стана славна дури по нејзината смрт. Таа беше застрелана и убиена од славниот музички продуцент Фил Спектор (Phil Spector) во февруари 2003 година.